Славната историја на Охрид и околината започнува уште од прaисторијата, потврдена со археолошки пронајдоци. Градот има и богата античка историја, позната по златните маски од Требениште, театарот итн. Охрид е познат и по убавите ранохристијански мозаици, но ние ќе се задржиме на средновековната историја.
Прочитај повеќеУште со доаѓањето на светиот апостол Павле во Македонија и неговата мисионерска дејност, христијанството станува нераскинлив дел од историјата на ова парче земја. Уште на самите почетоци на развивањето на христијанската вера, започнале да се оформуваат црковни орагнизации, епископии чии што поглавари – епископи учествувале на екуменските собори на кои вековно долго се дискутирало за христијанската догма.
Прочитај повеќеВнеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.